Што треба да знаете за Пазарното Општество!
Либерализмот и пазарните теоретичари секогаш имале јасни прецизни дефиниции за што претставува пазарното општество!
Но, се повеќе и повеќе пазарните економии (капитализам) се идентификуваат со псевдо-пазарни економии кадешто Државата игра клучна улога во пикирање општествени победници.
Ова се економии кадешто Државата ги има монополизирано или силно регулирано клучните сектори, како што се образованието, здравството, енергетскиот сектор, итн. Ова се општества кадешто мнозинството граѓани, државната администрација и највлијателните интелектуалци се со етатистичка умствена конструкција, и општества без либерална култура. Ова се Општества-Села кадешто сечиј успех зависи од партиската поддршка и сечија работа е нечија туѓа обврска! Ова се општества во кои разликата помеѓу нив и СФРЈ е се помала и помала.
Во оваа насока, организацијата „Economic Freedom” објави конкурс за најдобра дефиниција на ваквиот псевдо-пазарен систем.
Најдобрата дефиниција ја даде г-динот Рик Фалк. Според неговата дефиниција анти-пазарните општества се дефинирани како:
Систем кадешто успехот многу повеќе зависи од политичките врски него од успехот на слободниот пазар
[во оригинален текст: A system where success depends more on political connections than on satisfying the marketplace].
Сега можете да замислите каква терминолошка демагогија го подгризува јавниот простор и слободното и правилно пренесување на информации.
На едната страна имате 200 годишна традиција на прецизна терминологија што значи пазарно општество (капитализам), а на другата страна имате целосна демагогија од игноранти според кои СЕ е капитализам, освен ______ некоја нивна Утописка фантазија која, секако, ќе биде спроведена само ако ТИЕ дојдат на власт – без Власт, од што се толку во право, никој не ги есапи!!!
И зошто би ја прифатиле нивната терминологија, кога имаме прецизно дефинирање на одреден систем и дефиниција прифатена од сите сериозно економисти кои значат нешто во светов? Па, една причина е поради тоа што мешањето на дефиниции и терминолошката конфузија е најдобар простор за оние кои неможат да победат на полето на логиката и фактите!!! Токму затоа потребно е вовед на арбитрерни дефиниции и нејасни поими кои можат да значат се и ништо (на пр. социјална правда, одржлив развој, еднаквост итн.).
Како што сум навел многупати – се додека либералите во Македонија не ја исчистат терминолошката демагогија од термините кои воопшто нешто значат, се дотогаш нема да можеме соодветно да ја пренесеме нашата порака до оние кои сакаат да ја слушнат (сепак, има и безнадежни случаи!)!!!
Единствено што барам од моите читатели е да барате ригорозност во поимите и да се сомневате во СЕ за што не сте сигурни од каде извира концептот како идеја, која е сржта на истиот, која е методологијата до која е дојдено до заклучоците, кои се почетните претпоставки, итн. И самите одлучите кои идеи Ви изгледаат логични!!!
Но, пред да го направите изборот, знајте што избирате!!! Идеи засновани на омраза кон одредена група на луѓе, макар и да е анархистичка, секогаш ќе ве води кон фанатизам и агресивен идиотизам.
Не е сеедно.
п.с. Пример на ригорозност:
Не заземајте никаков став по однос на прашањето „климатски промени” доколку не ги знаете следниве работи, како минимум знаење за рационален став: како се прават пресметките на просечната глобална температура, кои се претпоставките од кои извира самата теза, кои се спротивните ставови во однос на сржта на идејата, и дека постои разлика помеѓу што Е и што треба да се ПРЕЗЕМЕ врз основа на постоечките наоди.