Нови вработувања за СИТЕ!!!?
Во својата, како секогаш, одлична колумна, Стивен Хорвиц објаснува дека има разлика помеѓу „создавање вредност” и „отварање нови работни места”, особено во Општества каде што Државата има голема улога во економските токови.

Хорвиц не потсетува дека создавањето нови работни места е лесна задача – Владата на РМ „отвори” над 100 нови, привремени, работни места со спомениците со потпишување на неколку одлуки! Трикот и тешкотијата е создавање нова вредност, која ќе значи нешто во главите и животите на Вашите сограѓани!!! Или пак, како што тоа го објаснува Хорвиц:
Ние можеме да создадеме милиони нови работни места со едноставно уништување на секоја машина во фармите во САД. Прашањето е дали ние ќе живееме поквалитетен живот со отварањето на овие работни места – и одговорот е категорично НЕ! Ние сакаме технологија која ќе ја намали потребата од нашиот труд [за производство на одреден производ/услуга], бидејќи ваквата технологија создава вредност преку тоа што ни овозможува да произведуваме работи по пониска цена [за пократко време и повисок квалитет] и со тоа да ослободуваме трудова енергија за поважни работи!
Пред скоро еден век, 40% од Американците работеа во земјоделието; денеска, овој процент изнесува околу 2%. Претходните земјоделци не останаа сите без работа! Богатството кое го создадовме преку повисока продуктивност и пониски цени ни овозможи да купуваме огромен број други нови производи, кои пак создадоа многу повеќе нови работни места него оние што беа изгубени во земјоделието! Ова е секаде приказната за иноваторството [процес во кој мнозинството граѓани излегуваат побогати во споредба со претходната состојба].
Но, зошто сето ова има врска со политичката економија, па и со состојбата во Македонија? Зарем, не им е јасна оваа едноставна логика на сите!? Па, не баш!!! Хорвиц објаснува дека создавањето вредност е активност која најдобро успева во пазарните општества [патем, кога ќе спомнеме развиена држава, на кои места ви текнува - релативно капиталистичките или пак релативно социјалистичките вукојебини?]. Имено,
[економскиот!] Аргументот за либерализација и де-социјализација на пазарот е дека економската слобода е најдобрата клима која овозможува поединците да ги пронајдат најдобрите начини за да го искористат своето знаење и вештини за да создадат вредност за другите граѓани и со тоа да создадат богатство за себеси. Што повеќе богатство „создавачите на вредност” задржат за себе, тоа е поголема веројатноста дека ќе продолжат и да создаваат. Дури и иновациите кои создаваат вредност уништат неколку работни места на краток рок, зголеменото богатство ќе овозможи ефективна побарувачка и отварање нови работни места со повисока вредност!
Аргументот за пазарното општество се заснова токму на фактот дека претприемачите живеат во општествен контекст кој им овозможува да ја одредат ефективноста и корисноста на нивните активности. Дури и најголемите претприемачки херои неможат да имаат висока продуктивност ако нивните способности се ништат со безброј владини регулации или пак доколку дејствуваат во општества со лошо дефинирани или незаштитени сопственички права [ова е ФАКТ - и логички и емпириски потврден од ОГРОМЕН БРОЈ студии и континуирано обновувани истражувања, НЕ Е ТЕЗА!].
Како што препознал Лудвиг фон Мизес уште во 1920г., ова се истите причини поради кои успешните претприемачи имаат мизерни резултати кога се обидуваат да водат државни претпријатија како приватен бизнис: Она што му овозможува на претприемачот да биде успешен се пазарните сигнали, кои се неопходни да одредат што луѓето посакуваат и колку ефективно се задоволени нивните потреби. Никој неможе да биде добар ученик ако учителот пишува со црна креда во темница! Ниту пак, било кој претприемач може да успее во изолација!
Инаку, Хорвиц одговара на критика на Пол Кругман (Нобеловец и еден од најеминентните Кензијанци во моментов) против иноваторството на Стив Џобс и неговата вредност за Општеството!Имено, според Кругман Стив Џобс создал само (!?) 43.000 нови работни места во САД (иако, бројката низ целиот свет е 700.000 – најчесто прдежи кои го критикуваат за „лошите услови за работниците” неможат ниту да изговорат „работа” толку пати!!!).
Но, доколку го читавте текстот внимателно можете да приметите дека, иако бројката е далеку од мала (а, патем и Стив Џобс не беше должен да се замара за ова – претприемачите не се РОБОВИ на потрошувачите и политичарите), Кругман ја промашил поентата. Имено, реалната бројка и вредност која е создадена од овој гениј на нашето време е извонредно многу поголема – доколку, ги вкалкулирате сите поврзани работни позиции кои се отвараат во процесот на создавање на ајподови, ајфони, и сл., од веб-дизајнери, одржувачи на системи, итн. Патем, сите аргументи на Државата, кога таа „создава” нови работни места и се засноваат врз овие поврзани работни позиции!!!
Хорвиц го завршува својот есеј со совет: „Следниот пат кога некој ќе почне да зборува за отварање нови работни места, сменете канал! Работните места се создаваат само кога претприемачите се слободни да создаваат вредност. Директното таргетирање на создавање „нови работни места” e рецепт за сиромаштија и трошење ресурси. Дозволете економска слобода за секој граѓанин да може да го користи својот талент во процесот на создавање вредност за другите и новите работни места ќе си дојдат сами по себе!
И за крај еден совет од мене: Пожелно и корисно е секој да знае дека кога добар економист зборува за создавање вредност, трошење ресурси и сл., тој мисли дека без економска слобода и пазарно општество не е возможно да знаете дали истите ресурси (енергија, време, природни елементи) имаат повисока алтернативна употреба! Да претпоставиме дека на сите ни е потребно во иста мера нов автопат до Софија – не е ова спорно – Но, од каде знаеме дека истите ресурси при градење на автопатот НЕ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ЗАДОВОЛУВАЊЕ НА АЛТЕРНТАТИВНИ ПОТРЕБИ во ИСТИОТ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД? На слободен пазар ова е премн лесна, спонтано автоматски, секојдневно извршувана задача – секој доброволно ги искажува своите субјективни преференции за своите потреби преку конкретни дејствија – размена на труд и услуги – кога сакате да поминете време со Вашето дете и кога тоа време за Вас има најголема вредност од другите алтернативи, Вие не сте во ИСТИОТ ПЕРИОД на журка со Вашите пријатели!
Кога Државата присилно одзема ресурси од Општеството и ги користи за одредени политички проекти, без разлика на нивната привидна корисност, ние немаме начин рационално и логички да кажеме дали истите се искористени правилно или не!
п.с. Други две добри колумни на оваа тема се: